Утрински Весник
Свет

Американска архиепископија: Eкспертите на ООН да го разгледаат прашањето за Аја Софија

Американска архиепископија: Eкспертите на ООН да го разгледаат прашањето за Аја Софија

Американската архиепископија на Вселенската патријаршија испрати барање до експертите на Обединетите нации да ја повикаат Турција на одговорност за одлуката музејот и поранешната православна црква Аја Софија, која се наоѓа во Истанбул, да се претвори во џамија.

Во барањето се наведува дека станува збор за намерна политика на Турција насочена кон бришење на културното наследство на православните христијани, наведува АНА, пренесува „Танјуг“.

„Повторното претворање на Аја Софија во џамија претставува радикално присвојување на православното христијанско културно наследство и живите христијански заедници во Турција“, рече архиепископот на Американската вселенска патријаршија, Елпидофор.

Тој изјави дека постапувањето спрема добрата на списокот на УНЕСКО за светско културно наследство – во кои е вклучена и Света Софија во 1985 година – како и промените во нивниот статус, е причина за загриженост на меѓународната заедница како целина.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд