Утрински Весник
Економија

Американската министерка за финансии: Погрешив со прогнозите за инфлацијата

Dik 300x250 mk

Американката министерка за финансии, Џенет Јелен, рече дека нејзините минатогодишни проценки за инфлацијата биле погрешни.

„Мислам дека тогаш згрешив во однос на патот по кој ќе тргне инфлацијата“, одговори Јелен во интервју за Си-ен-ен, на прашањето дали во своите изјави минатата година ја потценила заканата од инфлација.

Таа понатаму изјави: „Имаше непредвидени и големи шокови во економијата кои предизвикаа зголемување на цената на енергијата, храната и тесните грла во снабдувањето, што лошо се одрази на нашата економија и што јас тогаш не ги сфатив целосно“.

Јелен додаде дека негативните економски влијанија се движат од руската инвазија на Украина, која не можеше да се предвиди минатата година, до неодамнешното заклучување во Кина, пренесува „Ројтерс“.

„Ударите врз економијата продолжуваат, а инфлацијата е главната грижа на претседателот, Џо Бајден. Тој силно верува и ја поддржува независноста на Федералните резерви во преземањето на сите неопходни чекори за намалување на инфлацијата“, објасни министерката.

Можете да прочитате

Намален за 2,8 проценти бројот на работници во индустријата во септември на годишно ниво

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2277 лица

Гувернерот Славески: Штедењето е системска неопходност за одржлив раст и стабилност