Утрински Весник
Свет

Американка и двајца руски космонаути ќе бидат во вселенската станица во следните 6 месеци

Американка и двајца руски космонаути ќе бидат во вселенската станица во следните 6 месеци

Меѓународната вселенска мисија, со двајца руски и еден американски астронаут, во руското летало Сојуз, од космодромот во Бајанкур, Казахстан беше успешно лансирана кон меѓународната вселенска станица.

Руско-американската вселенска мисија е лансирана во ново вселенско летало што ќе се поврзе со меѓународната вселенска станица во орбитата многу побрзо од претходните, за помалку од три часа и таму ќе ги помине следните шест месеци, јави „АП“.

Кејт Рубинс од американската НАСА и руските космонаути Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков од руската вселенска агенција Роскосмос полетаа утрово во предвиденото време до меѓународната вселенска станица што кружи околу Земјата.

Таму, ќе го заменат руско-американскиот тим кој е во мисија од април и треба да се врати на Земјата за една недела.

„Поминавме две недели во Стар сити, недалеку од Москва, а потоа 17 дена во Бајанкур во многу строг карантин и сите направивме ПЦР тестови“, изјави американската астронаутка Кејт Рубинс пред лансирањето, најавувајќи интересни тестови во Вселената, вклучително и студија за растот на клетките во вонземски услови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германија ја обвини Кина дека употребила ласер врз германски авион

Еден прободен, седум полесно повредени во трките со бикови во Памплона

Израел ќе изгради камп во Појасот Газа за 600.000 Палестинци