Утрински Весник
Спорт

Американец понуди 350 милиони за Њукасл

Њукасл ќе гради силен тим со парите на новите сопственици

Лондон, 17 јуни 2020 (МИА) – Американскиот бизнисмен Хенри Морис направи понуда во вредност од 350 милиони фунти за да го купи Њукасл, пренесува „Дејли Мејл“.

Ова е уште еден неочекуван потег поврзан со иднината на „црно-белите“, иако во април се чинеше дека сагата ќе заврши.

Саудиски конзорциум веќе понуди 300 милиони фунти за клубот, што сегашниот сопственик Мајк Ешли ја прифати.

Сепак, зделката сè уште не е завршена заради недостаток на одобрување од Премиерлигата, а се верува дека британската влада не гледа поволно на ваков договор и може да биде спречена.

Доцнењето и двосмисленоста се очигледно причина други да се појават на сцената за да се здобијат со Њукасл, иако сè уште не е јасно зошто Морис нуди 50 милиони повеќе.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство