Утрински Весник
Свет

Американец го фалсификувал потписот на Обама на дозволата за оружје

Американец го фалсификувал потписот на Обама на дозволата за оружје

Маж од американската сојузна држава Тенеси е уапсен откако наводно аплицирал за поседување пиштол со името на поранешниот претседател Барак Обама.

Роберт Халик (51) од градот Чатануга е приведен поради лажно сведочење, фалсификат и кражба на идентитет, пренесуваат американските медиуми.

Според информациите, Халик прво го користел сопственото име за да аплицира за дозвола за носење пиштол во Тенеси во ноември 2020 година, но бил одбиен.

Халик потоа се пријавил за дозвола по вторпат, испраќајќи пошта во формулар на 21 јануари користејќи го името „Претседател Барак Х. Обама“ и фалсификувајќи го потписот на поранешниот врховен командант.

Против државниот закон е да се фалсификува име на лице на апликација за дозвола за оружје.

Халик во неколку наврати тврдел дека е Барак Обама на објавите на социјалните мрежи кои датираат уште во 2019 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште

Мерц и Трамп телефонски разговараа за мировниот план на САД за Украина

Зеленски по телефонски разговор со Венс: Украина ќе работи на ниво на советници за развој на мировен план