Утрински Весник
Спорт

Американецот Марш нов менаџер на Лидс јунајтед

Американецот Марш нов менаџер на Лидс јунајтед

Лидс потврдија дека поранешниот тренер на РБ Лајпциг, Американецот Џеси Марш е нов менаџер на клубот, пристигнувајќи како замена за Аргентинецот Марсело Биелса, кој вчера доби отказ по низата слаби резултати на премиерлигашот.

Биелса пред две години успеа да ги врати Лидс во Премиерлигата по повеќе од една деценија и по одличната прва сезона, оваа година неговиот напаѓачки стил на фудбал не донесе резултати и Лидс се на 16. место на табелата со сериозна опасност од испаѓање.

Марш на почетокот на сезоната беше донесен во Лајпциг како замена за Јулијан Нагелсман, кој замина во Баерн Минхен, но тимот не се адаптираше на неговата тактика на игра со поголем посед на топката наместо претходниот пресинг-стил на фудбал под влијание на поранешниот спортски директор на клубот и ментор на Марш, сегашниот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник.

> Американецот Марш нов менаџер на Лидс јунајтед <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина