Утрински Весник
Магазин

Амбер Херд ja продаде куќатa во Калифорнија за милион долари

Dik 300x250 mk

Поранешната сопруга на Џони Деп, Амбер Херд, која неодамна го изгуби судскиот спор за клевета, ја продаде куќата во Калифорнија за милион долари, пишува „ТМЗ“.

dobivaj vesti na viber

Куќата се наоѓа во гратчето Јука Вaли, карактеристично по пустинскиот пејзаж.

„ТМЗ“ пренесува дека договорот бил склучен на 18 јули, и дека актерката заработила од оваа продажба. Кога ја купила во 2019 година, таа, наводно, платила 570.000 долари.

Откако го загуби спорот во кој Деп ја тужеше за клевета, Херд мора да му плати оштета во висина од 10.4 милиони долари.

Нејзиниот адвокат пред два месеца потврди дека актерката нема толку пари.  Неколку недели потоа Херд беше видена како купува во TJ Maxx, продавница позната по евтини цени.

Недолго по пресудата, дури беше покрената и кампања GoFundMe за собирање пари со кои Херд ќе му го исплати на Деп она што му го должи, но таа иницијатива набрзо беше прекината.

Можете да прочитате

Jala Brat и Buba Corelli на барање на македонската публика закажаа втор концерт во СЦ „Јане Сандански”! 

Флејти и пијано во совршена хармонија – концерт на триото „Анимато“ во Тирана

„Ватсап“ со нова апликација за „Епл вач“