Утрински Весник
Свет

Амбасадроката на САД во ОН: Уште еден мировен договор на Израел во следните ден или два

Амбасадроката на САД во ОН: Уште еден мировен договор на Израел во следните ден или два

Уште еден договор за нормализација со посредство на САД меѓу Израел и арапска земја се очекува да биде потпишан во следните ден или два, рече американската амбасадорка во ОН, Кели Крафт, во интервју за „Ал-Арабија“ во средата.

„Нашиот план е да донесеме повеќе земји, за кои ќе имаме уште многу најави наскоро … Една земја ќе потпише во наредните ден или два. Ние сме многу возбудени и знаеме дека другите ќе следат и не сакаме да изолираме никого, туку да ги донесеме сите во надеж дека ова ќе им овозможи на иранските граѓани да видат дека луѓето навистина сакаат мир на Блискиот исток и тие се дел од овој мир “, рече таа.

Мароко, Оман и Судан се промовираат како следни најверојатни кандидати за склучување мировни договори со Израел по историскиот „Аврамски’ договор на потпишан од еврејската држава и Обединетите Арапски Емирати, како и Бахреин минатата недела.

Крафт изрази надеж дека и Саудиска Арабија ќе го следи примерот.

„Очигледно, ние би сакале Саудиска Арабија да биде следна. Но, она што е важно е да се фокусираме на договорот и да не дозволиме иранскиот режим да ја искористи добрата волја на Бахреин, ОАЕ или Израел.  Секогаш кога некој подава рака кон Иран, таа мора да биде упатена кон иранските граѓани “, рече таа.

Претседателот Доналд Трамп пред Генералното собрание на ОН во вторникот рече дека за брзо време ќе следат повеќе мировни договори со Израел.

„Тие доаѓаат брзо и знаат дека тоа е одлично за нив и за целиот свет“, рече Трамп за време на своето обраќање на првото виртуелно Генерално собрание.

Трамп ги опиша таканаречените „Аврамски спогодби“, потпишани минатата недела, како значаен пробив на Блискиот исток по децениире без напредок.

„Израел, ОАЕ и Бахреин потпишаа историски мировен договор во Белата куќа, а следат и многу други блискоисточни земји. Наскоро имаме намера да испорачаме нови мировни договори и никогаш не сум бил поголем оптимист за иднината на регионот. Во песокот нема крв. Тие денови се надевам дека завршија. Овие револуционерни мировни договори се зората на новиот Блиски Исток. Преземајќи поинаков пристап, постигнавме различни резултати – крајно посупериорни исходи “, рече тој.

Позајмувајќи од „тетратката“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Трамп рече дека договорите претставуваат мир преку сила.

„Америка ја исполнува својата судбина како миротворец“, рече тој.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ново разрешување од функција на висок претставник во кинеската армија поради истрага за „сериозно кршење дисциплина“

Американска база од 1959 година забележана под 30 метри мраз на Гренланд

Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно