Утрински Весник
Свет

Амбасадорот на Израел во ОН ја напушти салата за време на обраќањето на Ердоган

Амбасадорот на Израел во ОН ја напушти салата за време на обраќањето на Ердоган

Израелскиот амбасадор во ОН, Гилад Ердан, кој присуствуваше на средбите во живо во Генералното собрание на ОН, ја напушти салата во текот на обраќањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој остро го критикуваше Израел, пренесува „Анадолија“.

Ердан ја напушти салата додека Ердоган во видео-пораката по повод 75-годишнината од ГС на ОН говореше за израелската политика на угнетување, насилство и заплашување кон Палестинците. Ердоган во дел од обраќањето за Палестина потсети дека Израел и понатаму продолжува со напади и со насилство врз светиот град Ерусалим.

„Валкатана рака што посега кон приватниста на Ерусалим, каде што коегзистираат светите места на трите големи религии, постојано ја зголемува својата дрскост. Палестинскиот народ повеќе од половина век се спротивставува на израелската политика на угнетување, насилство и заплашување.

По одбивањето на документот за предавство што на палестинската страна се обидоа да ѝ го наметнат како ‘договор на векот’, Израел ги забрза напорите тврдината да ја освои однатре со помош на своите соработници. Турција нема да даде поддршка на ниеден план на кој не се согласува палестинскиот народ“, рече Ердоган, зборувајќи за американскиот мировен план меѓу Израел и Палестинците, кој предвидува основање палестинска држава само во Газа.

Тој истакна дека некои земји во регионот му пружиле поддршка на Израел, со што отворено ги прекршиле основните норми на меѓународното право.

„Земјите кои изјавија дека имаат намера да отворат амбасади во Ерусалим, спротивно на резолуциите на ОН и меѓународното право, само дополнително го комплицираат конфликтот.  Палестинското прашање може да се реши со воспоставување независна и суверена палестинска држава со Источен Ерусалим како главен град врз основа на границите од 1967 година. Барањето други решенија е залудна, еднострана и неправедна постапка“, рече турскиот претседател.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи