Утрински Весник
Свет

Амбасадорката Ким: Договорот Косово-Србија голем чекор за мирот и напредокот на западен Балкан

Амбасадорката Ким: Договорот Косово-Србија голем чекор за мирот и напредокот на западен Балкан

Американската амбасадорка во Албанија, Јуриј Ким го поздрави договорот потпишан меѓу Косово и Србија во Белата куќа. Таа оцени дека договорот за економска нормализација е голем чекор напред за мирот и напредокот на западен Балкан.

„ Голем чекор напред за мирот и просперитет на Западен Балкан. Со фокусирање на создавање работни места и економски раст, двете земји беа во можност да постигнат вистински напредок во економската соработка за широк спектар на прашања“, напиша Ким.

Во меѓувреме договорот го поздрави и овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, кој по потекло е од Косово, оценувајќи го истиот како “значаен чекор кон целосна нормализација на односите и меѓусебното признавање“.

„ Овој договор не само што ќе создаде предуслови за брз економски развој на Република Косово, туку исто така ќе овозможи разјаснување на судбината на исчезнатите лица, како еден од најболните делови од неодамнешната војна на Косово. Бог да ги благослови Албанците, Косово и Соединетите Американски Држави“ порачува Цакај.

Таа додава дека признавањето на независноста на Република Косово од Израел е знак на силно враќање на нејзината праведна кауза на меѓународната сцена.

Договорот претходно го позравија албанскиот државен врв, повеќе министри од владата на премиерот Рама, политички лидери и партии.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран ги прекина испораките на гас за Турција

Двојни цени за гориво: 2,6 евра за странци, 1,62 евра за Унгарци

Брод со хуманитарна помош пристигна во Куба