Утрински Весник
Македонија

Амбасадорката Брнз на средба со Мицкоски: Важните приоритети треба да бидат прифатени од сите партии

Амбасадорката Брнз на средба со Мицкоски: Важните приоритети треба да бидат прифатени од сите партии

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, попладнево остварила средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за да го брифира за извршната наредба на претседателот, Џо Бајден, за Западен Балкан.

Амбасадорката на „Твитер“ објави дека го информирала Мицкоски за извршната наредба.

„Извршната наредба е одраз на посветеноста на администрацијата на Бајден за борба против корупцијата и зајакнување на демократските институции, кои се важни приоритети и треба да бидат прифатени од сите партии во Северна Македонија, за да може земјата да влезе во ЕУ и да се подобрат животите на нејзините граѓани“, нагласи Брнз.

Извршната наредба која ја потпиша Бајден го прошири опсегот на вонредни мерки во врска со Западен Балкан, па се опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка.

Од ВМРО-ДПМНЕ информираа дека на средбата со американската амбасадорка присуствувале лидерот Мицкоски и секретарот за меѓународна политика на партијата, Тимчо Муцунски, а се зборувало за високиот степен на корупција и криминал присутни во структурите на власта, законот за марихуана и резолуцијата за спорот со Бугарија.

Можете да прочитате

Условна казна затвор од две години без забрана за вршење на дејност за онкологот Мери Пешевска, која призна вина во случајот Онкологија

Родителите се сомневаат на лекарска грешка, а пријавен бил и инцидент во тетовската болница – Обвинителство нареди обдукција

Меџити: Воздухот во Трубарево е чист, се чекаат резултатите за почвата