Утрински Весник
Свет

Амбасадори на 27 европски земји додадоа уште пет лица од Русија на црната листа на ЕУ

Амбасадори на 27 европски земји додадоа уште пет лица од Русија на црната листа на ЕУ

Амбасадорите на 27 земји од ЕУ денеска се договорија да додадат уште пет лица од Русија на црната листа на ЕУ поради изборите за рускиот парламент на Крим, пренесува ТАСС, повикувајќи се на неименуван дипломатски извор.

– Амбасадорите дадоа зелено светло да се додадат уште пет лица поврзани со изборите за рускиот парламент на Крим на списокот со рестриктивни мерки поврзани со дејствија кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина – рече дипломатот.

ТАСС пренесува дека се очекува Советот на ЕУ да ја одобри оваа одлука следната недела.

Можете да прочитате

Експлозија и пожар во рафинерија во Тексас

Фон дер Лајен повикува на договор за војната во Иран

По вчерашниот пад, денеска нов скок на цените на нафтата