Утрински Весник
МакедонијаТехнологија

Амбасадите на САД организираа хакатон за ИТ решенија за економското закрепнување по ковид-19

Амбасадите на САД организираа хакатон за ИТ решенија за економското закрепнување по ковид-19

Од 3 до 6 декември, амбасадите на САД во Естонија, Латвија, Данска и Литванија соработуваа на онлајн 48. хакатон за иднината, имплементиран од приватните партнери Garage48 и Startup Wise Guys.

Хакатонот им овозможи на учесниците да дизајнираат апликација за мобилен телефон или друго техничко решение за решавање на комплексноста на економското закрепнување по ковид-19.

Повеќе од 600 луѓе од 70 земји и 27 држави во САД, поминаа три дена во кодирање и соработка за да ги развијат своите идеи.

„Во 2020 година, коронавирусот што го освои светот остави силен белег во економијата, менувајќи многу области засекогаш. За да се прилагодиме на новата реалност и да се појавиме посилни, мора да гледаме кон иднината за одржливи решенија што ќе ја зајакнат нашата економија на долг рок“, рече Мари Ханикат, извршен директор на Garage48.

Заменик државниот секретар на САД за економски раст, енергија и животна средина, Кит K. Крач истакна како „иновациите се камен-темелник на слободните економии ширум светот. Така ќе ја поминеме оваа пандемија и ќе излеземе посилни од другата страна“.

Некои кои се пријавија на натпреварот беа почетници, додека пак, други беа напредни иноватори со значително искуство, велат организаторите. Триесет и седум тимови на различно ниво се натпреваруваа во последната рунда за прво место.

Повеќе од десетина организатори и фирми придонесоа за менторство и комуникациска поддршка за време на хакатонот, вклучително и Американските стопански комори во Естонија и Летонија, Универзитетот во Линчбург, Мајкрософт и Гугл за стартапи. Организаторите на настанот определија стручни ментори кои опфаќаа 21 временска зона одеднаш, помагајќи им на конкурентите ширум светот да ги кодираат своите идеи.

Предизвикот беше тимовите да развијат решенија што ќе ја унапредат иднината на: доверливи мрежи и извори на информации, образование, работа, здравје, патувања, туризам и угостителство, забава и спорт, како и мали и средни претпријатија.

Победник беше апликацијата за мобилен телефон наречена Гамбит. Таа е создадена од тим наречен Recovery Companion од Естонија и Австралија, соопштија организаторите.

Апликацијата ја следи енергијата, спиењето и нивото на активност на корисникот и потрошувачката на храна за да ги идентификува потенцијалните нетолеранции на храна. Врз основа на тие статистики и обрасци, апликацијата потоа дава препораки за храна.

Меѓу другите финалисти е и апликација што му овозможува на корисникот да дава приоритет на целите за одржливост додека купува облека и апликација што им овозможува на корисниците да позајмуваат пари од други во доверлива заедница.

„Секоја година околу ова време, Стејт департментот на САД ја покажува важноста на иновациите за нашата економија за време на Националниот месец на претприемништво. Пандемијата додава итност на таа порака, бидејќи иновациите ќе бидат клучен двигател на глобалното економско закрепнување по кризата“, рече Брајан Рораф, доверен работник во Амбасадата на САД во Талин.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова

Силен ветер, со брзина од над 75 километри на час, го оштети покривот на средното електромашинско училиште во Штип

Силен ветер ја зафати и Битола: На неколку локации предизвикани штети