Утрински Весник
Магазин

АМА награди 2020: Тејлор Свифт е уметник на годината

АМА награди 2020: Тејлор Свифт е уметник на годината

Тејлор Свифт го освои главниот трофеј на доделувањето на американските музички награди за 2020 година, но можеби најголемата вест беше нејзината најава дека во моментов ја преснимува целата своја стара музика поради јавната расправија со Скутер Браун во врска со нејзините први шест албуми.

30-годишната пејачка не присуствуваше на доделувањето на наградите што се одржа во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес во неделата вечерта, но наместо тоа се одлучи да се појави преку сателит за да ја прифати наградата „Уметник на годината“, кога ја соопшти веста за нејзиниот план.

„Ја преснимувам целата своја музика, и едвај чекам да ја слушнете,“ рече таа.

Музичката гала, која се смета дека е една од најголемите во индустријата, се одржа пред ограничена публика – во мали групи од исти семејства – согласно јасно дефинираните правила за физичка дистанца среде пандемија на Ковид-19.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Спиењето во целосна темница може да го намали ризикот од срцеви заболувања

Тие се најголемите хипохондрици во хороскопот и животот е тежок со нив

Обид за убиство на Аца Лукас – настапот на Јахорина откажан