Утрински Весник
Свет

Амал Клуни поднесе оставка поради британскиот закон за внатрешен пазар

Амал Клуни поднесе оставка поради британскиот закон за внатрешен пазар

Адвокатката Амал Клуни, специјализирана за човекови права, поднесе оставка од функцијата специјална претставничка на Велика Британија за слобода на медиумите, протестирајќи против намерата на Лондон да го прекрши меѓународното право со донесување закон за внатрешен пазар.

„Жално е што Велика Британија зборува за кршење на меѓународен договор потпишан од премиерот пред помалку од една година“, напиша Клуни, која е во брак со актерот Џорџ Клуни, во писмо до министерот за надворешни работи Доминик Рааб.

„Ова ќе ги охрабри автократските режими кои го кршат меѓународното право со разорни последици за целиот свет“, додаде таа.

Премиерот Борис Џонсон вели дека законот е неопходен за да се спречат „апсурдните“ закани од Брисел, но предизвика низа оставки и закани од пратениците.

Британската влада минатата недела го претстави предлог-законот со кој, како што признава, ќе ги прекрши своите меѓународни правни обврски и ќе поништи делови од договорот за брегзит што го потпиша пред да ја напушти ЕУ во јануари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Белоруски опозициски лидер ослободен по речиси пет години затвор

Повеќе од 400 луѓе загинаа во израелските напади врз Иран

Интернет конекциите во Иран би биле обновени во 20 часот по локално време, пренесуваат медиумите