Утрински Весник
Економија

„Амазон“ ќе издвои 500 милиони долари за празнични бонуси за вработените

Речиси 20.000 работници во „Амазон“ имаат коронавирус, се жалат дека компанијата воопшто не ги штити
Dik 300x250 mk

Американската компанија за онлајн трговија на мало „Амазон“ ќе исплати еднократни празнични бонуси до 300 долари за вработените кои пакуваат и испорачуваат пратки, откако се соочи со синдикални критики за укинувањето на дополнителниот надоместок за работа во ризични околности, поради пандемијата на Ковид-19.

Компанијата соопшти дека на вработените со полно работно време ќе им исплати бонуси до 300 долари, а на хонорарците по 150 долари, доколку работат во тој гигант за е-трговија во текот на целиот декември, пренесува агенцијата „Блумберг“.

„Амазон“ во четвртокот соопшти дека со овој чекор ќе потроши повеќе од 500 милиони американски долари на еднократни бонуси за своите вработени во САД, кои работат во првите редови за време на сезоната на празници, а среде пандемијата од Ковид-19.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Цената на златото во октомври достигна историски рекорд од 4.380 долари за унца

ОКТА со зголемени приходи за 20% споредено со лани

Божиновска со интензивна дипломатска агенда и билатерални средби на IFESD-14