Утрински Весник
Спорт

Ал-Наср му понудиле богат договор на Димитиревски

Ал-Наср му понудиле богат договор на Димитиревски
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Не е само Барселона заинтересирана за македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски. Македонецот добил понуда од Саудиска Арабија, од фудбалскиот клуб Ал-Наср.

Изминатите денови се поврзува со трансфер во Барселона. „Блауграна“, бара голман кој ќе му биде резерва на Марк-Андре тер Штеген, во случај Бразиелцот Нето да го напушти клубот.

Димитриевски ги негираше овие наводи, на шпанските медиуми. Изјави дека не знае, дека постои интерес од Барселона за неговите услуги.

Од друга страна, трансфер-инсајдерот, новинарот Фабрицио Романо, објави дека Ал-Наср, имаат сериозни намери да ангажираат Димитиревски.

Според овој извор, Ал-Наср на Димитиревски му понудиле 7.000.000 евра за две годишен договор.

Ал-Наср има сериозен тим со Камерунецот Абубакар, Аргентинците Фунес Мори и Пити Мартинез, Бразиелцот Талиска. Тренер е поранешниот предводник на Бика јуниорс, Мигел Анхел Русо.

> Ал-Наср му понудиле богат договор на Димитиревски <

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025