Утрински Весник
Свет

Ал каеда им се придружи на талибанците

Ал каеда им се придружи на талибанците
Dik 300x250 mk

Авганистанското движење за отпор во провинцијата Паншир објави дека терористичката организација Ал каеда им се приклучила на талибанците.

„Ал каеда им се придружи на талибанците за да се борат против Авганистанското движење на отпорот. САД се повлекоа, историјата се повторува”, се вели во соопштението на движењето на „Твитер“.

Претходно, телевизијата „Ал џезира“ објави дека талибанците одлучиле да почнат воена операција против силите на Авганистанскиот фронт за отпор во провинцијата Паншир.

По тоа, говореше рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, кој нагласи дека Москва се надева дека радикалното движење „Талибан“ (терористичка организација забранета во Русија) ќе се откаже од реализација на своите планови за почнување операција во провинцијата Паншир и почнување дијалог со другите сили во Авганистан, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим