Утрински Весник
Спорт

Ал-Атијах ја намали разликата до Петерхансел

Ал-Атијах ја намали разликата до Петерхансел

Асот на Тојота, Насер Ал-Атијах ја намали разликата на ривалот од Мини, 13-кратниот шампион на Дакар релито, со победа на вториот дел од маратонската осма етапа во Саудиска Арабија.

Катарецот падна на 8 минути зад Петерхансел по вчерашниот прв дел од етапата, но сега се доближи на под пет минути со својата четврта етапна победа оваа година со 375 километри долгата етапа од Сакака до Неом.

Трикратниот шампион веднаш го презеде водството од Карлос Саинс и вчерашниот победник Јасид Ал-Раџи, додека Петерхансел беше на 30 секунди по првата мерка точка. По интересната борба, Ал-Атијах се одвои и на крајот направи 3:03 предност пред Петерхансел, кој беше трет. Актуелниот шампион Саинс беше втор и сега има 38:55 заостанување зад Петерхансел на третото место во генерален пласман.

Во пласман на мотоцикли, Чилеанецот Хозе Игнасио Корнехо го зголеми водството во генерален пласман со прва победа на осмата етапа. Корнехо имаше само една секунда предност пред Тоби Прајс во КТМ за на крајот да го победи Австралиецот со 1:05 и да има предност од 1:06 во генерален пласман. Актуелниот шампион, Американецот Рики Бребек беше трет со 2:50 заостанување.

> Ал-Атијах ја намали разликата до Петерхансел <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот