Утрински Весник
Спорт

Алушовски потврди: Ристовски ќе игра за Вардар

Алушовски потврди: Ристовски ќе игра за Вардар

Скопје, 1 март 2020 (МИА) – Тренерот на РК Вардар, Стевче Алушовски на вчерашната прес-конференција по поразот од Монпелје во Лигата на шампионите ги потврди информациите дека Борко Ристовски ќе заигра во Вардар.

– Од другата недела во тимот ќе ги имаме Борко Ристовски, како и Марко Мишевски. Мишевски е играч кој може да го имаме во ротацијата. Тоа е тимот со кој ќе располагаме до крајот на сезоната и во Лигата на шампионите и во домашното првенство, истакна синоќа Алушовски.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026