Утрински Весник
Македонија

АлтернАтивА: Наставата да започне во јануари 2021 година

АлтернАтивА: Наставата да започне во јануари 2021 година

АлтернАтивА смета дека наставата во училиштата треба да започне во јануари 2021 година, наместо на 1 октомври. Со оглед на тоа дека, според сите предвидувања, на есен се очекува нов бран на пандемијата на вирусот Ковид-19, секој почеток на наставата во тоа време би бил ризик за инфицирање на децата и ако тоа резултира со непожелни последици, тоа би било фатално за целата држава, предупредуваат од партијата.

„ Во оваа прилика изјавуваме дека и ние сме против т.н. онлајн учење, бидејќи поранешниот министер за образование и наука и неговиот персонал, и покрај доволниот неколкумесечен простор, не развија никаква дигитална платформа, што би била успешна за организирање на таквиот вид настава. Покрај тоа, воопшто не е излишно да се каже дека дури и оној дел од наставата што беше реализирана онлајн во второто полугодие од минатата учебна година, беше скоро фијаско.

За да не ни се повтори неуспехот од т.н. онлајн настава и за да немаме поголеми болки од инфицирање на учениците и, не дај Боже, со фатални последици, АлтернАтивА предлага наставата да започне во јануари 2021 година (кога сметаме дека ќе заврши и вториот бран на пандемијата) и да заврши на крајот на јуни, што подразбира и физичко присуство на учениците и наставниците. Се разбира, ова значи скратување и прилагодување на наставната програма, како и целосен скрининг на учениците и наставниците за што ќе се грижи Министерство за здравство.

Секако дека здравјето е пред сè, но не смееме да бидеме несериозни дури и со едукацијата на младите во нашето општество“ додаваат од партијата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија

Нема да се гради асфалтна база во Визбегово, вели Меџити

Каранфилова – Пановска: Се надевам дека мојот ангажман ќе биде од голема помош