Утрински Весник
Спорт

Алонсо едвај чека да стартува!

Алонсо едвај чека да стартува!

Двократниот светски шампион, Фернандо Алонсо вели дека неговото враќање во кокпитот било како „нов почеток“, откако го тестираше последниот болид на Рено на патеката во Барселона во вторникот.

Шпанецот, кој покрај успесите во Ф1 е и двократен шампион од 24 часа Ле Ман, си замина од спортот како возач на Мекларен во 2018 година, но се враќа следната година со Рено на местото на Австралиецот Даниел Рикардо.

„Тоа ќе биде како нов почеток, со изненадување од брзината на болидот, брзината на кривините, сопирачките… Многу работи ме изненадуваат, а чувството беше фантастично. Болидот во моментов има повеќе перформанси од мене, бидејќи не можам да го извлечам максимумот“, изјави 39-годишниот Алонсо откако ги комплетираше дозволените 100 километри за снимање.

Шпанецот, кој ги освои своите две титули во Ф1 со Рено во 2005 и 2006, по повлекувањето од Формула 1 се натпреваруваше и на Дакар релито и Индијанаполис 500 трката.

> Алонсо едвај чека да стартува! <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига