Утрински Весник
Македонија

Али Ахмети стана почесен доктор на науки на тетовскиот универзитет

Али Ахмети стана почесен доктор на науки на тетовскиот универзитет
Dik 300x250 mk

Тетовскиот универзитет му ја додели титулата почесен доктор на науки на претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, денешниот чин го оцени како една правилна одлука. Груби, исто така, вели дека Ахмети целиот негов живот работел посветено на нацијата и еднаквоста, на демократијата и интеграцијата, на образованието и развојот, на правата и достоинството.

„Првиот вицепремиер им честита на ректорот, сенатот, академскиот кадар, студентите и сите оние кои се жртвуваа децении наназад за подигање на храмот на знаењето, за чествувањето на г. Али Ахмети со заслужената титула доктор Хонорис Кауза, затоа што со честа кон него тие прават чест за сите други заслужни личности“, соопштија од Кабинетот на Груби.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница