Денес, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, заедно со првиот албански кандидат за премиер, Насер Зибери, во рамките на кампањата за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 15 јули, одржа собир кај Камениот мост во Скопје, кој истовремено претставува и симбол на поврзување на албанската и македонската страна, и двајцата со порака за обединување ги повикаа граѓаните за рушење на идеолошките и националистичките ѕидови, кои ги делат народите, и за обединување на сите што веруваат во идеологијата еднаква земја за сите, да дејствуваат за доброто на земјата и на сите граѓани.
Ахмети истакна дека чекор по чекор се прават големите дела и дека секогаш од нивната страна се претставени филозофии и добри и корисни идеи како за Албанците така и за сите граѓани што живеат во Република Северна Македонија.
„Придонесовме во многу важни случувања на земјата, како што е спроведувањето на Охридскиот договор, кој не беше корисен само за Албанците, туку и за другите заедници во земјата, со нашето жртвување, каде што најмногу добија нашите сограѓани Македонци, бидејќи ние на земјата ѝ обезбедивме интегритет и суверенитет, признавање и зајакнување на пријателството со меѓународната заедница. Тоа што беше широко познато како голем проблем на ова земја беше прашањето за името, што резултира со преспанскиот договор, кој ја построи ова земја и ја направи еднаква помеѓу еднаквите и со ова ги победивме сите бидејќи победи мирот“, истакна Ахмети.
Тој рече дека до денес се направени многу достигнувања за Албанците во Република Северна Македонија.
„Од ова место, не далеку од тука, Скендербег нè гледа. Пред 100 години на овој мост поминале Хасан Приштина и Иса Болетини, кои никогаш не ги негираа и другите нации што живееле на овие подрачја. Имало соработка на албанските патриоти со македонските движења и не се каам што сум рекол дека треба да се прифати делчевизмот, значи да се прифати Гоце Делчев, бидејќи соработувал со албанските патриоти. Имам порака за новите политичари на оваа земја, кои прават хомогенизација за едно челично обединување помеѓу нив, само премиерот да не биде Албанец,
нека се враќаат во минатото и ако имаат почит за Гоце Делчев, ќе видат дека тој има одржано говор пред Албанците со бела капа. Ако тие се потомци на Гоце Делчев, оваа кандидатура требаше да ги направи среќни“, истакна Ахмети.
Ахмети рече дека кандидатурата за премиер Албанец не само што ќе ја зајакне стабилноста и безбедноста на земјата туку ќе има и позитивно влијание врз економијата.
„Оваа кандидатура ќе ги зближи и нема да ги подели заедниците и ова не го правиме за демагогија, времето покажа дека министерот за внатрешни работи, за одбрана, претседателот на Собранието, се раководеа од Албанци што ја зајакнаа оваа држава, кои извонредно ги водеа овие институции со одговорност, но со истата одговорност и премиерот Албанец ќе ја води државата и јас сум сигурен дека успешно ќе се соочуваме со сите предизвици. Многу природно и легитимно е да го достигнеме и врвот на државата за да раководиме, денес ја бараме функцијата на премиерот, утре и на претседателот на државата, бидејќи ова е наша земја, наша држава и никој не може да ни ги негира овие права“, заврши Ахмети.
Текстот Али Ахмети: На вистинските наследници на Гоце Делчев не им пречи Албанец премиер е превземен од МАКФАКС.