Скопје, 3 април 2020
Владата на Северна Македонија попладнево воведе полициски час во општина Куманово – целосна забрана за викенд, со почеток од 21 часот во петок (денес) до 17 часот во понеделник.
Хаосот создаден попладнево во Куманово, како резултат на овие мерки, ја зголеми загриженоста на граѓаните уште повеќе. Од паниката нема никаков придонес затоа оваа форма на управување со ситуацијата создава контра-ефекти.
Препораките за одржување на социјалната оддалеченост воопшто не се почитуваше од напнатоста на граѓаните да ги обезбедат основните потреби за храна за наредните денови како резултат на ад хол повикот на владата за полициски час, што создаде паника и конфузија кај граѓаните.
Ги повикуваме граѓаните да продолжат да ги следат препораките на здравствените власти за социјална дистанца со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот. Во исто време, ги повикуваме државните власти да не создаваат хаос што ќе им наштети на граѓаните!
Поминавме низ многу тешки ситуации како нација и успешно ги надминавме сите како резултат на солидарност. Без паника, ги молиме сите граѓани да бидат трпеливи!
Битката ќе ја победиме сите ние заедно, со чување на мирот и внимателни!
Заедно ќе успееме, со трпеливост и упорност!
Алијанса за Албанците
____________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.