Утрински Весник
Политички Партии

Алијанса за Албанците: Сo асфалтирање на пат се попречува гласањето на изборите во Дебар

Алијанса за Албанците: Сo асфалтирање на пат се попречува гласањето на изборите во Дебар

Денеска во Дебар се одржува вториот круг на изборите за градоначалник на општината, а од Алијанса за Албанците обвинуваат дека на изборниот ден има попречување на граѓаните да го остварат своето гласачко право.

Како што посочуваат од партијата, денеска од рано наутро се изведуваат работи на асфалтирање на патот Маврово-Дебар и патниот правец се држи блокиран.

„Уставот забранува каква било активност што ги спречува граѓаните да го остварат своето право на глас, но актуелната власт го изолира Дебар и ги спречува граѓаните на Дебар да го остварат своето демократско право“, се наведува во партиското соопштение.

Според АА, градежните зафати спречиле многу жители на Дебар кои се вработени во други градови да дојдат и да го остварат своето избирачко право.

Од партијата апелираат надлежните итно да го деблокираат патот и да побараат одговорност од оние кои, како што велат, наредиле вакво сценарио.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт