Режимот Ахмети-Мијалков-Заев продолжува со помилувањето на криминалците, одговарајќи им на најарогантен можен начин на граѓаните коишто им се спротиставуваат на нивните криминални дејствија, реагираат од Алијанса за Албанците.
„Само после два дена откако не им дозволивме да ги помилуваат Сеад Кочан, Александар Василевски Нинџа и Бобан Илич, Министерството за (не)правда ја повлече комплетната листа, недозволувајќи да се помилуваат ниту затворениците коишто се со полесни прекршоци, а и невини по затворите. Од друга страна, со одлука на Кривичниот суд, денес беше ослободен Сашо Мијалков, главниот партнер на актуелниот режим и човекот којшто уништи човечки судбини и го уништи државниот буџет“, додаваат од оваа партија во нивната реакција.
Овој случај, како што сметаат, уште еднаш ја демаскирал измамничката евроинтеграциска агенда на овој режим и ги оправдал нивните оценки дека овој режим треба да падне ден порано.
„Сите тие коишто му го продолжија животот на овој режим, денес се виде дека придонеле за да се постигне помилување на криминалците“, децидни се од Алијанса за Албанците.