Утрински Весник
Македонија

Алијанса за Албанците: Наместо урбана кампања, граѓаните се соочуваат со нехумана закана по нивното работно место

„Во предизборна кампања за советот на Општина Тетово наместо да има вистинска конкуренција на платформи, понуди и човечки вредности, за жал од страна на партиите кои имаат моќ, дали локална или централна, има натпревар на тоа кој ќе понуди повеќе договори за работа, коишто договори се претвораат во заканувачки и уценувачки инструмент за граѓаните. Оваа практика, која ја започна ДУИ, сега ја користат и другите партии кои имаат власт, без разлика дали се локални или централни. Доволно е да имаат функција над една управа и во ист миг ја претвораат во продавница за привремени вработувања“. Ова меѓудругото на денешната прес-конференција го изјави Вјолца Бериша, генерален секретар на опозициската Алијанса за Албанците.

dobivaj vesti na viber

„Ние како Алијанса за Албанците ја осудуваме оваа грда појава која ја пренасочува вистинската политичка понуда, во девалвирана понуда на договори која е повеќе фиктивна отколку реална. Сакаме натпревар на платформите, проектите, напорите и политичката визија за изградба на државата и за да го направиме нашиот град, место за живеење, каде што вистински ќе се артикулираат неговите можности. За жал, наместо ваква понуда, наместо урбана кампања каква што заслужуваат нашите граѓани, тие се соочуваат со најнехумана закана, како што е нивното работно место“ изјави Бериша.

Таа напомена дека „граѓаните сега веќе ја имаат сфатено причината зошто продолжуваат да се вработуваат толку многу работници со договор. Знаат дека преку овие договори ги тераат да гласаат. Ова е еден многу грд феномен што ги навредува луѓето обидувајќи се да импровизираат ропство во XXI век“.

„Да се држи човек како заложник со работната позиција и да се повикува во информативни разговори за тоа што ќе прави и што треба да направи со својот глас, надминувајќи го притисок, е навреда и нарушување на достоинството. Самите граѓани ги знаат случаите и нивниот револт ќе биде артикулиран на нивниот ден, на денот кога ќе гласаат. Да го држиш во заложништво работниот однос на човекот за да го имаш во рака кога ти треба е како да му го одзимаш лебот од уста. Покрај заканата за отказ од работа, во последните години се појави уште еден начин на уцена со вработување, тој на фиктивните договори кои се склучуваат и стопираат по неколку месеци, злоупотребувајќи ги парите на граѓаните, гушејќи ги институциите, терајќи ги институциите да работат само за платите на нивните потенцијални гласачи и на крај лажејќи ги и самите нив, не наоѓајќи им реална работа, потоа раскинувајќи им ги договорите, ставајќи им ги имињата на списоците на срамот како луѓе што земале плата, каде што сите се ставаат во иста вреќа и тие што оделе на работа и тие што не оделе, тие што навистина се труделе и работеле и тие што работеле во партиските штабови и во куќите на функционерите“ порача Бериша.

Од партијата ги повикаа „политичките партии кои се дел од власта да престанат со притисокот и производството на лажни договори, од многу причини“.

Можете да прочитате

Во амбасадата во Пекинг одбележан Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“

Бугарија со протестна нота, осквернавени биле симболи на гробот на Гоце Делчев

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата