Скопје, 10 март 2020
И Северна Македонија го плаќа данокот на глобализацијата, каде покрај слободното движење на луѓе и материјалните добра имаме и ширење на заразни болести, овој пат корона вирусот или Covid 19.
Одделот за здравство при Алијанса за Албанците внимателно ја следеше и ја следи состојбата од една страна и пристапот на техничката влада од другата страна, а особено на здравствените власти во однос на превенција, откривање и во последните денови третманот на оваа заразна болест. Во соработка со експерти од областа, нашиот оддел за здравство утврди дека евидентирани се пропусти во сите овие сегменти, што довело и до зголемување на бројот на заболени од вирусот, 7 до вчера.
- Назначувањето на инфективните одделенија во Штип и Гостивар како референтен центар за изолација на пациенти со коронавирус беше несоодветен прв чекор со оглед на лошите инфраструктурни услови на овие институции и мал број на вработени;
- несоодветната внатрешна организација на универзитетските клиники кои не се во можност да обезбедат опрема за заштита на медицинскиот персонал, што предизвика незадоволство и одбивање на вршење на конзилијарните прегледи во Универзитетската клиника за инфективни болести;
- неоткажувањето на авионските линии и несоодветниот третман на патниците кои доаѓаа од кризните регии, особено од северна Италија,
- Неограниченото движење на граѓаните кои патуваа од кризните регии и домашното лекување на тие кои имаат симптоми и знаци на болеста.
- Сериозен недостаток на основни средства за хигиена и дезинфекција во основните и средните училишта;
- Кулминација на неодговорноста е неетичкото, непрофесионалното и нехуманото однесување на директорката на Универзитетската клиника за дерматологија, која неколку дена престојуваше во северна Италија и со симптоми и знаци на болеста ги извршувала своите должности, па дури и присуствувала на предавања од страна на Здружението на дерматолози во просториите на еден ресторан во Скопје.
Алијанса за Албанците бара од министерот за здравство, од Дирекцијата за управување со кризи, од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Комисијата за заразни болести да преземат конкретни чекори, како што се:
- ПРЕПОРАКИТЕ да се преиначат во ЗАБРАНИ и секој граѓанин да има обврски и должности;
- Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје да биде затворен две недели и да се третираат само итните случаи и да се подготви план за евентуално лекување на поголем број на пациенти со оваа болест;
- Обезбедување заштитни мерки за здравствените работници, без исклучок;
- Строга контрола на секој граничен премин и поголема вклученост на надлежните органи;
- Прекинување на наставниот процес во сите образовни институции во наредните две недели.
Алијанса за Албанците бара институционална и морална одговорност од министерот за здравство, Венко Филипче и му препорачува да излезе од својата зона на удобност и да му пристапи на ова проблематика со поголема сериозност. Во исто време, ние сме подготвени со сите наши капацитети да помогнеме во надминување на ситуацијата, додека граѓаните ги повикуваме да го сочуваат својот мир и во целост да ги почитуваат препораките и забраните од надлежните државни органи.
Д-р. Беким Татеши, Претседател на одделот за здравство – Алијанса за Албанците
___________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.