Утрински Весник
Политички Партии

Алијанса за Албанците: ЕУ не прифаќа во прегратките корумпирана власт и политичари

Алијанса за Албанците: ЕУ не прифаќа во прегратките корумпирана власт и  политичари

Вчера бевме сведоци на уште еден неуспех во редицата неуспеси во процесот на интеграцијата, велат од Алијанса за Албанците – Алтернатива.

„Нема датум за преговори со Европската Унија. Од 2018 година сè било лага. Фотографиите во авион, трошоците на премиерот и министрите на Владата ќе останат само уште еден доказ на измамите на оваа власт и трошоци што ќе треба да ги сносат граѓаните. Што уште треба да се случи за да зелениот Министер за надворешни работи, Бујар Османи, да признае дека е неуспешен, Што уште треба да се случи за да оваа Влада даде оставка и да се врати на повторна проценка пред граѓаните“, потенцираат од оваа коалиција.

Сметаат дека власта се правда со Бугарија, но, знаеме велат од коалицијата, дека Европската Унија не прифаќа во нејзините прегратки како што нагласуваат, корумпирани и криминализирани политичари и власт.

Неодамна вакви проценки пристигнаа и од Вашингтон со указот на Претседателот Бајден, потсетија од Алијанса за Албанците – Алтернатива.
„Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива има изјавено многу пати дека оваа Влада ниту земјата може да ја води кон Европа, ниту пак може Европа да ја донесе тука“, велат од оваа коалиција.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт