Утрински Весник
Македонија

Алијансата за Албанците до ДУИ: Не можете да покривате луксузни автомобили со тротинети за вработените

Алијансата за Албанците до ДУИ: Не можете да покривате луксузни автомобили со тротинети за вработените

Грдоста на ДУИ не може да биде покриена ниту со пудра, ниту со боја или ниту со лаги. Не можете да покривате луксузни автомобили со некои тротинети за вработените, наведе Алијансата за Албанците откако претходно денеска Министерството за надворешни работи, на чело со министерот Бујар Османи соопшти дека набавиле електрични тротинети за вработените.

Според Алијансата, набавката на тротинетите е само обид да се покрие луксузот на функционерите на ДУИ.

„Во пресрет на локалните избори, Бујар Османи сака да фрли пепел во очите на граѓаните, додека неговите сопартијци, градоначалниците на Дибра, Струга, директори на јавни претпријатија, како и на самата Влада, трошат милиони денари на скапи автомобили. Сега кога министерот не успеа во секоја област на одговорност и ја доведе нашата дипломатија и процесот на интеграција во состојба на колапс, време е залудно да направи ПР со тротинети од 200 евра. Би сакале тој барем да ги купеше по пазарна цена, со оглед на неговото минато полно со коруптивни сомневања кога станува збор за јавните тендери“, наведе Алијансата во реакцијата.

Можете да прочитате

Јанчев од Левица: Барајте од другите пратеници поддршка за амандманот за прогласување на Кожуф за национален парк

(Видео) Три хеликоптери утрово повторно дејствуваат на пожарот кај Блаце

Денес и утре (понеделник – вторник 7/8 јули) повторно над 40 степени!