Бразил е една од најпогодените земји со пандемијата на коронавирусот, па е многу ризично таму да се патува.
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер не планира да се врати во Бразил за време на паузата токму поради можноста од зарази.
„Ми предложија да го избегнам патувањето во Бразил, затоа што во земјата е врвот на пандемијата. Нема да одам, дури и ако ми дозволат, затоа што тоа би бил ризик за моето семејство. Ќе почекаме работите да се поправат пред да ги посетиме роднините и пријателите“ рече Алисон.
Ливерпул сезонава по пауза од 30години ја освои титулата во Англија. Голманот смета дека тренерот Клоп е заслужен за револуцијата во клубот. Тој го пофали и капитенот Хендерсон за способноста на вистински начин да го води клубот.
> Алисон нема да си оди дома за паузата, се плаши од короната <