Утрински Весник
Свет

Алигатор убил жена откако несакајќи паднала во езеро додека работела

88-годишна жена е убиена од алигатор откако случајно паднала во езеро додека работела во градината на заедница на постари лица, соопштија властите во американската сојузна држава Јужна Каролина.

dobivaj vesti na viber

Во понеделникот во 11:15 часот по локално време, властите биле повикани во населбата Хилтон Хед во Сан Сити, кога добиле повик дека алигатор држи женско тело во вилиците во езерото и не сака да ја пушти – Анџела Виенс од канцеларијата на шерифот изјави за Си-Ен-Ен.

Сан Сити Хилтон Хед е старечка заедница со повеќе од 16.000 жители.

Ненси Бекер од Јужна Каролина се занимавала со градинарство кога се лизнала и паднала во езеро, каде ја нападнал алигатор. Властите подоцна го фатиле животното и било евтаназирано.

Полицијата и форензичарите сè уште вршат увид.

Се проценува дека во десет југоисточни држави во САД живеат околу 5 милиони американски алигатори. Сепак, фаталните напади не се честа појава. Во Флорида, секоја година помеѓу 1948 и 2021 година, имало шест неиспровоцирани инциденти на малтретирање животни.

Од 442 случаи, 26 резултирале со смрт,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Пронајден мртов рускиот министер за транспорт кој утринава бил разрешен

Потврдена смртта на 27 девојчиња и воспитувачи во кампот „Мистик“ по поплавите во Тексас

Израел ги нападна Хутите во Јемен