Утрински Весник
Магазин

Алесандра Амброзио блеска на Њујоршката модна недела

Алесандра Амброзио блеска на Њујоршката модна недела

Алесандра Амброзио изгледа подготвена за писта во смел фустан додека присуствуваше на модна ревија во Њујорк во средата, во рамки на New York Fashion Week (NYFW).

40-годишната Алесандра, поранешен супермодел, носи фустан со едно рамо, пресек под градите и висок шлиц за ревијата на DUNDAS x Revolve во „Каза Капријани“ како дел од Њујоршката недела на модата.

Бразилската убавица го комплетира својот изглед со раскошни обетки и бразлетна.

 

Алесандра на ревијата беше фотографирана со австралискиот модел Шанина Шаик (30), која исто така ги воодушеви присутните во црна комбинација.

Во првиот ред гости на ревијата беа Алесандра, ко-основачот на DUNDAS Еванџело Бусис, Емили Ратајковски, Киара и Ла Ла Ентони.

Можете да прочитате

Кои се предностите од редовниот тренинг дома во зима

Што се случува со мозокот кога редовно внесуваме омега-3 масни киселини?

Нутриционист: Дали страдате од сало на стомакот и надуеност? Избегнувајте три вида храна