Утрински Весник
Магазин

Ален Делон денес наполни 86 години

Ален Делон денес наполни 86 години

Познатиот француски актер Ален Делон го прославува својот 86-ти роденден овој понеделник, 8 ноември.

Малку се знае за сегашниот живот на секс симболот од 1960-80-тите. Француските медиуми пишуваат дека Делон во последниве години живее во својата вила во Швајцарија.

Актерот го поминува времето сам, опкружен со домашни миленици. Во неговата куќа живеат многу животни: кучиња, мачки… Освен тоа, на свој трошок отворил неколку прифатилишта за бездомни животни.

Таквата љубов кон животните Ален ја објаснува со тоа што во младоста чувал женка доберман и во една прилика ја удрил бидејќи била виновна за нешто, а потоа видел солзи во нејзините очи. По ова, тој почнал да се однесува кон животните со посебна нежност.

Во 2019 година, Делон претрпе два мозочни удари. Во јули годинава во интерву за „ТВ5 Монд“ изјави дека се чувствува добро.

Можете да прочитате

Најевтината туристичка дестинација: Седумдневен пакет „сè вклучено“ чини 270 евра

Најдобри автомобили: Нема дефекти и поправки дури ни по 100.000 километри

Настап што ги расплака сите, натпреварувач од шоуто „ТЛЗП“ се трансформираше во легендарниот македонски пејач Тоше Проески