Утрински Весник
Магазин

Алек Болдвин го предал својот телефон на полицијата

Алек Болдвин го предал својот телефон на полицијата

Алек Болдвин ѝ го предал својот мобилен телефон на полицијата која го истражува фаталниот инцидент што се случи во текот на снимање нискобуџетен вестерн во Ново Мексико во октомври минатата година.

Снимателката Халина Хачинс беше застрелана додека Болдвин (63) вежбал извлекување пиштол-реквизит на сетот на филмот Rust.

Канцеларијата на шерифот во Санта Фе потврди дека актерот го предал својот телефон на властите во Њујорк.

Полицијата претходно оваа недела соопшти дека актерот не соработувал со истрагата.

Портпаролот на шерифот на округот Санта Фе, Хуан Риос, изјави за „Лос Анџелес Тајмс“ во петокот дека полицијата има намера да собере податоци како текстуални пораки и говорни пораки од телефонот во рамки на истрагата за инцидентот.

Арон Даер, адвокатот на Болдвин, изјави за „Си-би-ес њус“ дека неговиот клиент доброволно го предал телефонот.

„Но, тука не се работи за неговиот телефон, таму нема да пронајдат никакви одговори“, рече адвокатот. „Алек не направи ништо лошо“.

Болдвин вежбал извлекување од футрола на реквизит-пиштол во текот на снимањето на филмот, но тој е дециден дека не го повлекол орозот.

Адвокатите кои ја водат правната постапка го опишаа однесувањето на Болдвин и на другите продуценти на филмот како „непромислено“ и ги обвинија дека не ги почитувале безбедносните протоколи.

Во тужбата против Болдвин се наведува дека според сценариото, тој воопшто не требало да пука со пиштол кога смртно ја застрелал Хачинс.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста