Утрински Весник
Свет

Албански хакер дел од група која украла повеќе од 500.000 евра

Хакери ги нападнаa компаниите коишто прават вакцини против коронавирус

Албанските истражители се приклучија на меѓународен истражен тим за да откријат мрежа на хакери кои успеале да украдат 504.000 евра. Тие се сомневаат дека 28-годишниот албански државјанин е дел од мрежата,на што укажувале одредени траги, пренесува порталот Репортери.

Како што се наведува, по него се трагало по серија активности извршени од Бугари и Германци кои посочуваат дека младиот Албанец е одговорен за измама и има улога во плаќањето за домени, веб-страници и ИТ-инфраструктура.

Мрежата на измамници функционирала на тој начин што најпрво стекнувале доверба кај жртвите на кои им било ветувано дека ќе тргуваат со акции и крипто-валути на веб-страници коишто биле претставени како крипто-пазари. Откако жртвата ќе се регистрирала на платформата, давајќи идентитет и телефонски број, сторителите ќе ја контактирале предлагајќи и да инвестира во мали износи со ветување дека брокерот ќе вложи голема валута.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Снегот ги изненади Белгијците: Снежните врнежи предизвикаа застој во сообраќајот низ белгиските патишта 

Повеќе од 900 лица евакуирани по ерупцијата на вулканот Семеру во Индонезија

ВРТ: Дел од „дроновите“ регистрирани на небото над Белгија всушност не биле дронови