Утрински Весник
Свет

Албанија со повик до НАТО во Драч да формираат поморска база

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска дека Албанија упати повик до НАТО да учествува во финансирање на воена поморска база во Драч. Рама на прес-конференција рече и за други случувања на самитот на НАТО во Мадрид истакнувајќи дека таму изнел детали за изградбата на поморската база, пренесува Анадолија.

„На самитот разговаравме за нашиот проект и верувам дека ќе се вратиме во Брисел за продолжување на проектот и предлогот кој не само што предизвика интересирање, туку и желба за продлабочување на разговорите за поставување на поморска база во Драч, која освен комерцијалниот и трговски дел би имала и воен“ рече Рама.

Додаде дека наскоро за ова прашање ќе се одржи посебен состанок со комплетниот албански експертски тим и со стручњаци од Алијансата за детално да се претстави проектот.

 

Можете да прочитате

Американската армија нападна уште еден брод во источниот дел на Пацификот

Автомобил влета во толпа на светлосна парада во Холандија, најмалку девет повредени

На аеродромот во Единбург авион на „Ryanair“ се судри со цистерна