Утрински Весник
Спорт

Алаба бара астрономска плата во Баерн, како Мбапе во ПСЖ!

Алаба бара астрономска плата во Баерн, како Мбапе во ПСЖ!

Минхенски Баерн ја освои двојната круна во Германија, а ќе се обиде да стигне до трофејот и во ЛШ, но се соочува со две големи загуби летово.

Тиаго Алкантара изрази желба да си оди од „Алијанц Арена“, најверојатно ќе замине во Ливерпул, а „Билд“ пишува дека на излезна врата е и австрискиот репрезентативец, Давид Алаба. Тој наводно барал 20 милиони евра годишно, колку што има Мбапе во ПСЖ.

Проблемот е што клубовите во кои Алаба сака да ја продолжи кариерата (Реал Мадрид и Барселона) не можат да одвојат толкава сума за неговата плата. Отшетата за Алаба е 36 милиони евра.

Наводно, Австриецот не сака да оди во Премиерлигата иако Сити се заинтересирани за неовите услуги.

Тој сезонава играше пред се на позиција стопер, а претходно има настапувано и во средниот ред, па и на позиција десен бек.

Алаба има 28 години и за Баерн одигра 382 меча, постигна 31 гол и имаше 48 асистенции.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари

Михајловски: Среќен сум што донесов медал за Македонија