Утрински Весник
Македонија

Акција за расчистување на дивата депонија кај „Хемтекс“

Акција за расчистување на дивата депонија кај „Хемтекс“

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Општина Кисела Вода во соработка со Градот Скопје почна акција за чистење на дивата депонија, лоцирана во околината на фабриката „Хемтекс“.

Како што информираат од Општина Кисела Водам од утринава екипите на Градот и Општината рачно и со механизација во должина од околу еден километар расчистуваат над 200 кубика отпад, одложен од страна на несовесни граѓани. Покрај ова, со акцијата опфатено е и кастрење на нараснатите суви гранки.

-Локалната самоуправа во соработка со Градот Скопје изминатиов период на својата територија ги исчисти најголемите диви депонии. На дел од депониите направени се паркови, а некои во тек се градежни активности за зазеленување и урбано уредување, се вели во соопштението од Град Скопје.

Општина Кисела Вода ги повикува граѓаните да не одложуваат отпад на јавните површини, да го почитуваат Законот за јавна чистота, затоа што само така ќе придонесат за почиста и поздрава животна средина. сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Германската поддршка е силна потврда за партнерството во борбата против организираниот криминал и заштитата на границите

Хоџа: Трајно ги решаваме инфраструктурните потреби на жителите на Сарај

ОЈО: Организирана група со јасни улоги пренесувала дрога кон Србија, истрага против шест лица