Скопје, 21 март 2020 (МИА) – ЈП Комунална хигиена – Скопје утринава почна акција за машинско миење со автоцистерни на поголемите булевари и улици во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Гази Баба.
Како што информираат пд претпријатието, нивните екипи денеска ќе извршат и дезинфекција на плоштадот Македонија, Камениот мост, улицата Македонија, плоштадот Филип Втори и Старата скопска чаршија.
Во текот на утрешниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе ги продолжи активностите за машинско миење со автоцистерни во општините Шуто Оризари, Бутел, Ѓорче Петров и Сарај. сст/цр