Тетово, 17 април 2020 (МИА) – Група активисти од Тетово во соработка со банките во насока на решение за редиците луѓе поставија табли со пораки за поголема внимателност.
Табли со пораките „Носи медицинска маска!“, „Мијте ги рацете!“, „Држете дистанца од 2 метри!“ се поставени пред банките во Тетово се со цел луѓето да да одржуваат лична хигиена, да стават маски и да држаат социјална дистанца.
– Поради новите мерки за ограничување на движењето, во полошкиот регион деновиве беа долги редици пред банките. Бројката на луѓе кои чекаа ред без социјална дистанца достигнуваше и до педесет лица. За да се избегнат турканици и групирање луѓе, со акција „Заштити се и заштити ги и другите” активстите апелираат граѓаните да ги посетуваат банките само кога е неопходно и притоа да внимаваат на времето и ограничувањата за движење, велат од „Арт Активизам“, неформална младинска група.
Акцијата, како шро посочија од нформалната младинска акција, е изработена без никаков директен контакт на членовите на групата, односно различни автори етапно ги правеле таблите.ас/фф/