Утрински Весник
Македонија

Акцијата на општина Центар против нелегални објекти продолжи со ресторан на Водно

Акцијата на општина Центар против нелегални објекти продолжи со ресторан на Водно
Dik 300x250 mk

Секторот за инспекциски работи денеска излезе на терен и продолжи со акцијата за отстранување на нелегални објекти на територија на Општина Центар.

Како што информираат општинските власти, станува збор за случај во кој инвеститорот, Вандербилт Тенис Клуб ДООЕЛ Скопје, не постапил по решението издадено од општината за самостојно отстранување на градбата.

„Со денешната активност е опфатено отстранување на ресторан на улица Славејко Арсов, со пропратни објекти – санитарен јазол и шанк со димензии 19,20 м х 9,60 метри и 4,50 м х 5,50 метри, изградени од челична конструкција и греди, објекти во градба за што градителот на поседувал соодветна документација“, се наведува во соопштението од општината.

Од таму најавуваат дека акцијата за отстранување на дивоградбите продолжува и во наредниот период.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме голема предност пред вториот круг, очекуваме убедлива победа

Огромен циклонски облак од Џенова се приближува кон Македонија

Кој беше Агим Јонуз? – 24info.mk