Утрински Весник
Економија

Акционерите на „Охридска банка“ одобрија план за зголемување на капиталот

Ново финансирање на ЕБОР во Северна Македонија во време на корона кризата

Скопје, 11 мај 2020 (МИА) – „Охридска банка“ соопшти дека нејзините акционери одобриле план за зголемување на акционерскиот капитал за 315 милиони денари (5,1 милиони евра), со цел подобрување на капиталната позиција на банката.

Според планот, како што објави СЕЕ Њуз, на продажба ќе бидат понудени 119.000 акции, по почетна цена од 2.650 денари. Со акции на „Охридска банка“ последен пат се тргуваше на Македонската берза на 5 мај, по просечна цена од 4.645 денари по акција.

Мнозински сопственик на „Охридска банка“ од минатата година е „Штирмаркише банк унд Шпаркасен“, кога ги откупи акциите во сопственост на француската „Сосиете Женерал“, која поседуваше 74,53 проценти од банката. „Штирмаркише банк унд Шпаркасен“ сега поседува 91,57 отсто од акциите на „Охридска банка“. сп/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ССКМ : Потпишувањето на договорот за соработка е порака која бизнис секторот ја препознава

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ