Утрински Весник
Македонија

Активности на СВР- Охрид за исполнување на мерките и препораките на Владата за справување со корона-вирусот

СВР Охрид ги предупредува граѓаните да не наседнуваат на понуди од непознати лица

Охрид, 22 март 2020 (МИА) – Согласно препораките и мерките на Владата за заштита и сузбивање на Корона-вирусот полициски службеници на СВР – Охрид во текот на вчерашниот ден извршија обезбедување и транспорт на четири лица кои од граничниот премин „Ќафасан“ кон Албанија се пренесени во карантин во Специјалниот завод во Демир Капија.

СВР – Охрид на целото подрачје што го покрива (Охрид, Струга, Вевчани, Кичево, Пласница, Дебар и Центар Жупа),продолжува да презема најстроги рестриктивни мерки со цел доследно спроведување на мерките за заштита на граѓаните.

Во координација со други надлежни институции, СВР Охрид ќе продолжи да презема активности за целосно спроведување на мерките кон лицата што не ја почитуваат мерката за самоизолација и нивно спроведување во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка.

Полициската станица Охрид врши контрола на вкупно 144 лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, 125 од нив потпишале изјава дека 14 дена ќе бидат во задолжителна самоизолација. Деветнаесет лица се ставени под здравствен надзор и домашна изолација со решение од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Од СВР – Охрид се упатува апел до граѓани строго да ја почитуваат најновата одлука на Владата за забрана на движењето од 21 до 06 часот секој ден како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на COVID-19, а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14 дневна самоизолација. аб/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Свечен час по повод 80 години од прогласувањето на македонскиот јазик за службен

Ведро и студено, преку денот сончево

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер