Утрински Весник
Македонија

Активности на Здружението „АН-БЛОК“ во рамки на проектот „Заедно со вас да ги направиме децата среќни”

Од денеска неформална едукација за учениците и децата на претшколска возраст на МРТ

Скопје, 11 април 2020 (МИА) – Здружението на граѓани за култура и уметност „АН-БЛОК“ Скопје во услови на пандемија им овозможи на децата ефективно, едукативно и рекреативно користење на слободното време преку примена на ИКТ како стратегија која се наметна како резултат на почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Во рамки на проектот „Заедно со Вас да ги направиме децата среќни” кој е финансиски поддржан од Град Скопје, тие реализираат неколку активности, а организатор е претседателката на Здружението Поликсена Илиоска.

Дел од актовностите, како што соопштија од Здружението, се презентации за социјална едукација и грање на позитивен однос кон непосредната околина,  значењето на личната хигиена, психосоцијална поддршка наменета за деца без родители сместени во мали групни домови и згрижувачки семејства при Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје. Потоа, здравствена едукација за усвојување на практични животни вештини, последици од примена на несоодветен начин на исхрана итн.

-Интересот за реализирање на проектните активности во рамките на проектот „Заедно со Вас да ги направиме децата срекни“ е се поголем затоа што целите кои се стремиме да ги постигнаме се реално потребни и се од голема важност затоа што опфаќаат широк спектар од сите сфери на општественото живеење. За реализација на проектот пројавија интерес многу институции каде има ранлива категорија деца, се вели во соопштението.

Од Здружението сметаат дека вниманието оваа година треба да се насочи кон деца кои се згрижени во сите мали групни домови и згрижувачки семејства при  Детскиот дом „11 Октомври“, како и кон вработените во нив и тие се целна група годинава при реализацијата на проектот„Заедно со Вас да ги направиме децата срекни“.

Генерална цел на проектот, додаваат, е градење самодоверба и инкорпорирање во општествениот живот, а приоритетни конкретни цели се: имплементирање на основните права и слободи на децата за нивна сицијалната заштита кои се темелат на базичните меѓународни документи, вклучување во општествениот живот и овозможување социјални услуги, поттикнување и развој на личните и општествени вредности, овозможување на еднакви можности, унапредување на здравствената заштита преку вклучување во едукативни програми за стекнување нови знаења и вештини и зголемување на нивото на здравствена едукација, вклучување во различни интерактивни активности за поттикнување на креативното размислување и изразување, овозможување полесно адаптирање во средината и поттикнување комуникација и финансиска поддршка на децата и домовите. мс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Запленети 30.000 евра на ГП Богородица

Приведен разбојник во Скопје, кај него пронајдена и дрога

Запленети 30 илјади евра на граничен премин богородица