Утрински Весник
Македонија

Активни 20.687 случаи на коронавирус во Македонија, речиси половина се во Скопје

Во Словачка само со негативен ПЦР тест
Dik 300x250 mk

Во моментот како активно заразени со коронавирус се водат 20.687 лица, од кои 9.837 се од Скопје. Во Тетово активни се 989 случаи на зараза, 965 заразени има во Прилеп, а 940 во Куманово.

Во Скопје, по повеќе од 1.000 заразени има во Гази Баба, Аеродром, Карпош, Центар и Кисела Вода.

Согласно последните податоци од Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55127, бројката на оздравени пациенти е 32894, на починати е 1546.

Досега во Македонија се направени вкупно 313.519 тестирања на Ковид -19.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Родителите на жртвите од Кочани најавија протест во Скопје на 15 ноември

Татко од Кочани ја објави последната снимка од ќерката што загина во „Пулс“ 

Метеоаларм: Можни се поплави, врнежите продолжуваат