Утрински Весник
Македонија

Активирајте „Стоп корона“ и помогнете заеднички да се победи вирусот

Активирајте „Стоп корона“ и помогнете заеднички да се победи вирусот

Скопје, 13 април 2020 (МИА) – Сите граѓани од денеска на своите мобилни уреди може да ја преземат апликација „Стоп корона“ – наменета за откривање на близок контакт со потенцијално заразени лица и со тоа да помогнат во борбата со вирусот и побрзо спречување на ланецот на ширење.

За да ја постигне својата цел апликацијата е потребно масовно да се користи и преземе од сите граѓани.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, нагласи дека апликацијата гарантира целосна заштита на приватноста, не ги следи контактите и не користи, локација, ниту име и презиме на оние кои ја користат, а единствен податок што го бара е мобилниот број на корисникот.

– Апелирам до сите граѓани што помасовно да ја преземат оваа апликација. Со помош на апликацијата сите даваме личен придонес во колективната борба со оваа наша заедничка опасност. Со апликацијата им помагаме и на здравствените работници кои секој ден се првата линија на борбата, изјави Манчевски.

Апликацијата функционира на принцип на анонимизирани шифри, така што, дава брз одговор на здравствените работници со кои лица бил заразениот во контакт во последните 14 дена, помага да се информираат потенцијално инфицираните лица за да им се дадат насоки за самоизолација, тестирање или лекување и помага за растoварување на здравствените работници во поглед на анкетирањето на контактите со заболените.

– Корисникот е потребно доброволно да го внесе својот мобилен број за да ја активира апликацијата. Овој податок се евидентира на безбеден сервер на Министерството за здравство и ниту еден друг корисник нема пристап до мобилните броеви или некаде се чува податок за сопственикот на бројот, изјави Манчевски.

Апликацијата користи блутут технологија и ги регистрира контактите на два метри меѓусебна оддалеченост на мобилните уреди на корисниците.

Според министерот за здравство Венко Филипче, апликацијата значително ќе ја олесни работата на епидемиолозите во утврдување на примарните контакти на заразените лица и со тоа за многу пократко време да се стави крај на епидемијата во нашата земја.

– Со оваа алатка многу лесно ќе се стигне до сите примарни контакти, дури и за тие за кои можеби заболените во тој момнет не се свесни. Очекуваме да имаме дополнително поголем број на лица, како примарни контакти кои ќе произлезат од оваа апликација, а која ќе ја преземат сите на своите мобилни уред, изјави Филипче.

Ова, посочи тој, е една од најголемите придобивки во нашиот систем за идентификување на сите примарни контакти на заболените.

Апликацијата „Стоп корона“ е донацијата од македонската компанија „Нексенс“ и за еден ден без официјална најава, веќе ја имаат активирано 5 000 корисници.

Директорот на „Нексеснс“ Васко Кроневски, посочи дека при градбата на апликацијата користеле многу светски искуства и примарна цел била заштита на приватноста на граѓаните, односно податоците да се чуваат на мобилниот на граѓанинот и тоа да биде споделено исклучиво со негова согласност и волја.

– Не се користи следење на локација, туку се користи исклучиво блутут протокол и тоа се користи ниско енергетски блутут протокол што нема да ја троши батеријата во значителен обем. За целодневно користење се троши минимално, само неколку проценти од батеријата, изјави Кроневски. аа/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Локализиран е пожарот кај Пехчево

Димитриевски: ЗНАМ е еднаков партнер во власта, од ВРЕДИ грешат ако сметаат дека со овие гестови ќе иницираат дестабилизација на Владата

Влада: Формирано координативно тело за унапредување на високото образование, нова зграда на Драмски театар, план за капитални инвестиции во општините