Утрински Весник
Спорт

Аксел Кеи се запиша во историјата на американскиот спорт

Аксел Кеи се запиша во историјата на американскиот спорт

Аксел Кеи го запиша името во историските книги на американскиот професионален спорт. Тој стана најмладиот дебитант во САД.

Кеи на возраст од 13 години, девет месеци и девет дена, дебитираше во втората лига на САД, во дресот на Реал Монарх. На теренот влезе во 61.минута.

За споредба, Фреди Аду, за ДЦ јунајтед, дебитираше на 14-годишна возраст.

Аксел Кеи е роден во Брегот на Слоновата коска, потоа неговото семејство емигрирало во Калифорнија.

Минатата сезона, играше за кадетите на Реал Салт Лејк и беше најдобар стрелец во сезоната.

> Аксел Кеи се запиша во историјата на американскиот спорт <

Можете да прочитате

Победа за Мерцедес на отворањето на новата сезона во Формула 1

Рекордна победа на Словенката Превц во скијачки скокови

Неизвесно одржувањето на две трки во Ф1