Утрински Весник
Спорт

Ако замине Конте во Интер доаѓа Алегри

Ако замине Конте во Интер доаѓа Алегри

Антонио Конте би можел да го напушти Интер по завршувањето на сезоната, пишуваат италијанските медиуми. Интер на последните два натпревари во Серија А освои само еден бод поради што третото место на табелата и го препушти на Аталанта.

Интер на табелата во Серија А на седум кола до крајот има десет поени помалу од лидерот Јувентус.

Лошите резултати би можеле да го натераат Конте самиот да си поднесе оставка, бидејќи никој не верува дека клубот ќе му врачи отказ по само една сезона тврдат медиумите. Според нив темпераментниот Конте би можел да замине доколку клубот одбие да вложи повеќе пари за нови играчи.

Доколку Конте замине од интер негова замена ќе биде Масимилијано Алегри, поранешниот тренер на Јувентус.

Алегри оваа година не работеше никаде, самиот кажа дека му е потребен одмор, но најави дека од наредната сезона ќе се врати.

Каква ќе биде иднината на Конте ќе биде јасно по завршувањето на првенството кога со клупските челници ќе го анализира сработеното и оствареното во сезоната 2019/2020.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување